октомври 1, 2019

1 Октомври-Меѓународен ден на старите лица

По повод први октомври-Меѓународниот ден на старите лица во организација на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци, Полициска станица од општа надлежност и Здружението на пензионери од Кавадарци, во просториите на Здружението на пензионери се реализираа неколку активности.
Притоа беа реализирани предавања за заштита од џебни кражби од претставници од ПС ОН Кавадарци, од волонтерите на Црвениот крст беа поделени едукативни флаери со пригодна содржина за грижа и нега на старите лица и на крај се одржа и спортски турнир во табла и домино за присутните членови и волонтери од овие три институции, а за најдобрите изготвени беа и следуваа пригодни дипломи за освоеното место на турнирот.
Со овој настан кој беше будно пратен од локалните медиуми денес уште еднаш се докажа партнерството и соработката помеѓу овие институции

< врати се назад