
14 јануари по повод празникот Василица
БЛАГИЦА ОЈНАРОВА – СРЕЌНИОТ ВОЛОНТЕР ОД КЛУБОТ НА МЛАДИ
На 14 јануари по повод празникот Василица во Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци се собраа волонтерите од Клубот на млади и претставници од училишните клубови на Црвен крст и кршеа лепче барајќи ја среќната паричка, која носи среќа во целата година.
Сите присутни беа радосни, надевајќи се секој од нив дека баш тој ќе биде среќникот, за да во еден момент паричката се појави кај волонтерот Благица Ојнарова-претставник од училишниот клуб на Црвен крст од училиштето Гоце Делчев.
Следуваа честитки и желби од сите на среќникот на паричката, кој премногу се израдува и посака многу успешна година на волонтерите,
Воедно на среќникот му честитаа и Претседателот, Секретарот и Лидерот на Клубот на млади на Општинската организација, посакувајќи му здравје, среќа и успешни волонтерски денови.
На почетокот на оваа средба се одржа и работен состанок со Клубот на млади, при што лидерот на клубот ја презентираче Програмата за работа на младите зз 2019 година и исто така присутните беа информирани и беше разгледан годичниот извештај за работа на Клубот на млади, за 2018 година.
Присутните беа информирани и за подготовките за отпочнување со новиот циклус на ЦКА/ПХВ проектот и беа испланирани активности за периодот кој следува.