
РАБОТИЛНИЦИ ПО ПОВОД 8 МАРТ-ДЕНОТ НА ЖЕНАТА
Во склоп на проектот ,,Подобрување на социјализацијата на децата и млади со посебни потреби,, финансиски подржан од Комерцијална банка, лицата со посебни потреби од Дневниот центар и Посебните паралелки од Кавадарци заедно со волонтерите на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Кавадарци спроведоа 2 работилници за изготвување на честитки по повод 8 март-Денот на жената.
На 07 март во присуство на околу 40 лица од Посебните паралелки и Дневниот центар Кавадарци и волонтерите на Црвениот крст, беа изработени околу 50 честитки наменети за мајките, бабите и наставничките на лицата со посебни потреби.
Беа подготвени и подарени прекрасни осмомартовски честитки кои би ги разнежниле срцата на мајките и учителките со нивното внимание, а посебно што тие самите и волонтерите на Црвениот крст се погрижија за организација на овој убав гест на внимание.