
17-ти март ден на Црвениот крст и ден на крводарителите
Свеченост во Кавадарци по повод 17-ти март ден на Црвениот крст и ден на крводарителите. Признанија добија крводарители кои даруваа крв 4 пати во една календарска година и крводарители кои даруваа крв јубилејно по 25-ти, 50-ти,
75-ти и 100-ти пат. За најуспешните доделени награди плакети, скромни подароци и рачни часовници со подршка на Градоначалникот и локалната самоуправа Кавадарци. Помеѓу наградените беа и службата за трансфузиологија Кавадарци, Претседателот на Црвен крст Кавадарци за долгогодишната волонтерска работа во црвениот крст, а признание доби и Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев за неговата хуманост и подршка на активностите на црвениот крст. Голема благодарност и за медиумите за нивната промоција на хуманата мисија !!!