октомври 18, 2024

18 ОКТОМВРИ – “ЕВРОПСКИ ДЕН НА БОРБА ПРОТИВ ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ”

                Црвен крст на Република Северна Македонија како член на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција и оваа година се вклучи во одбележувањето на 18 Октомври – “Европски ден на борба против трговија со луѓе”..

            За таа цел Црвен крст Општинска организација Кавадарци на ден 18.10.2024 година во своите простории организираше информативно едукативна работилница за превенција од трговија со луѓе со целна група млади од основни и средни училишта како и волонтерите од клубот на млади.

            Работилницата беше одржана од страна на стручни лица кои имаат познавање од областа на превенција на трговија со луѓе.

            Во работилницата беа вклучени 30 ученици и волонтери, кои беа заинтересирани за темата и поставуваа доста прашања на кои добија одговор од стручните лица.

< врати се назад