март 21, 2019

21 март- Светски ден на лицата со даунов синдром

По повод 21 март-Светскиот ден на лицата со даунов синдром, Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци во соработка со Дневниот центар за лица со посебни потреби организира забава и дружење на децата и млади со посебни потреби со волонтерите на Општинската организација на Црвен крст, односно во просториите на Дневниот центар беше организиран настан и беа одиграни заедно неколку забавни игри.
Сите дечиња беа многу радосни од посетата на волонтерите, кои беа со задоволство дочекани од истите и потоа следуваше дружење и забава.
Целта на овој настан е да им се разубави денот на децата, да се одбележи денот и да се смени ритамот од секојдневито на овие деца, истата е постигната и во наредните денови ќе има за што да се разговара помеѓу децата и одговорните во Дневниот центар.

 
< врати се назад