
5 ДЕКЕМВРИ МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ВОЛОНТЕРСТВОТО
На самиот ден во организација на Клубот на млади на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци, во просториите на Општинската организација Кавадарци се одржа настан со работен и свечен дел во присуство на околу 60 волонтери и членови на организацијата.
Најнапред сите присутни беа поздравени и им беше честитан денот на волонтерите од име на раководството и управата на организацијата, а потоа во работниот дел следуваше едночасовна презентација за превенција од ХИВ/СИДА и СПИ. Беа дискутирани и анализирани досегашни спроведени и реализирани активности и исто така активности кои следат до крајот на календарската година.
Потоа, во свечениот дел младите волонтери имаа можност за дружење и забава, сите пробаа од волонтерскиот колач и задоволни и исполнети од тоа што им се цени нивниот придонес како движечка сила во организацијата, мотивирани од постигнатите резултати во изминатиот период на сите полиња на дејствување на организацијата за помош и подршка на локалната заедница, се заблагодарија и покажаа интерес за уште бројни активности кои следат во наредниот период.