
8 МАЈ СВЕТСКИ ДЕН НА ЦРВЕН КРСТ И ЦРВЕНА ПОЛУМЕСЕЧИНА
Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци и оваа година се вклучи во одбележувањето на 8 Мај Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина под мотото ,,Што ви се допаѓа во Црвениот крст и Црвената полумесечина““ ЉУБОВ, а во чест на основоположникот на нашето Движење, Анри Динан, кој е роден на 8 мај 1828 година.
На централниот настан во Скопје учество земаа 24 лица, деца и млади со посебни потреби од Дневниот центар од Кавадарци, волонтери, членови и претставници на управата и раководството од Општинската организација Кавадарци.
Сите заедно ја проследија организираната претстава по повод денот, се забавуваа, дружеа, по пат разговараа за улогата и значењето на Црвениот крст и придонесот со волонтерската работа за доброто на сите.