
9-ТИ СЕПТЕМВРИ СВЕТСКИ ДЕН НА ПРВАТА ПОМОШ
По повод 9ти Септември – Светски ден на Првата помош Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска Организација Кавадарци организираше настан на ден 06.09.2023 година на Градскиот плоштад Кавадарци под мотото “Прва помош достапна за сите!Прва помош во дигиталниот свет” во пристуство на 6 екипи од основните училишта и 5 екипи од средните училишта со нивните ментори од Општините Кавадарци и Росоман, односно во присуство на околу 200 посетители.
Екипите презентираа ситуации од: Оживување, крварење, скршеници, топлотен удар, безсвесна состојба и изгореници. За настанот беа изработени постери кои беа прикачени на видни места.
Целта на овој настан е информирање на јавноста за значењето на правилно и навремено укажување на прва помош во случај на потреба на работно место, во домашни услови и во сообраќајна незгода.
Настанот предизвика голем интерес кај јавноста и истиот беше поздравен од Градоначалникот на Општина Кавадарци и останатите посетители.
Исто така овој настан беше проследен од локалните медиуми и истиот емитуван на локалните телевизии.