
АЛШАР 2019
По четврти пат, Кожув планина беше подготвена за сите авантуристи, вљубеници во велосипедизмот, планинарството и природата во целост да им ги открие сите свои древни тајни и убавини. Од 5-7ми јули, нови стази, прилично тешки, но екстремно адреналински и живописни и нови програмски изненадувања, АлШар 2019 им донесе бројни изненадувања, се разбира на радост, на илјадниците учесници кои од сите страни на земјата допатуваа во Мрежичко, каде и годинава ќе беше лоцирана фестивалската зона.
Во присуство на голем број од поддржувачите и спонзорите на настанот, претставници од Црвениот крст, Полициската станица од општа надлежност Кавадарци, Против пожарната единица, Планинарското друштво „Орле“, медиумите, организаторите и годинава потенцираа дека целта на настанот во ниту еден момент не е натпреварувачка, туку во целост рекреативна и забавна, нагласувајќи дека безбедноста на сите учесници на настанот е најважното нешто и годинава. Токму затоа во овој настан се вклучија и две екипи обучени за пружање на прва помош на повредените лица и останатите кои имаа некои здравствени проблеми.
Високите температури, без оглед на планинските предели, бараа потреба од подршка на овој настан каде младите волонтери од Црвениот крст се вклучија со делење вода на три пункта по стазата на која се одвиваше велосипедската тура.
За време на настанот на неколку лица кои беа повредени им беше укажана прва помош и беа транспортирани до најблиската здравствена установа.
Официјалното отворање на АлШар 2019 беше закажано за во 10 часот, а годинава честта да го отвори истиот ќе ја имаше Васил Јанкула, момчето кое и покрај церебралната парализа со трицикл изработен специјално за него помина 800 километри за 8 дена.