ноември 20, 2019

БЕЗБЕДНОСТА И ХУМАНОСТА НА ЕДНО МЕСТО

Во организација на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци, Полициска станица-Oпшта надлежност Кавадарци и Гранична полиција-Регионален центар Југ на 20.11.2019 година во просториите на полициската станица спроведоа доброволна крводарителска акција каде вработените и овој пат како и во годините наназад ја покажаа својата хуманост и солидарност кон болните и повредените дарувајќи крв.
Акцијата ја изведe екипа од Институтот за трансфузиона медицина на РМ-Скопје и притоа дарувани сe 20 единици крв.
Голема благодарност до вработените од безбедносните служби на овие две институции кои покрај својата редовна работа, одржување на безбедноста на граѓаните, секоја година преку две крводарителски акции во годината обезбедуваат и над 50 единици крв, даваат подршка и помош на граѓанството од Кавадарци, Росоман и пошироко во државата, а со тоа хуманоста кај овие луѓе од година во година се повеќе се зголемува.

 
< врати се назад