мај 29, 2023
БРЗ ОДГОВОР 23
На ден 28.05.2023 година на Градскиот плоштад во Кавадарци се одржа настан Показна вежба “ Брз одговор 23 “ во присуство на Градоначалникот на Општина Кавадарци, Амбасадорката на САД во Македонија и Министерката за одбрана на РСМ на која беа презентирани оклопни и борбени возила.
Исто така имаше и уличен баскет во кој земаа учество над 10 групи, каде што присуствуваа претседателот на КФСМ Перо Антиќ и кошаркарот Тодор Гечевски.
Беше поставен штанд на самиот плоштад каде волонтерите на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Кавадарци делеа вода и сок за освежување на посетителите и натпреварувачите.