февруари 20, 2023

Црвен Крст на Република Северна Македонија, Општинска организација – Кавадарци заедно со Отсекот за превенција при СВР Велес и Дирекцијата за заштита и спасување -Кавадарци, денес (12.02.2023) во повеќе населени места во тиквешијата реализираа превентивна активност посветена на превенцијата за заштита на здравјето во екстремни зимски услови.

Во рамки на превентивните активности во кои што беа вклучени жители од руралните средини – Крњево, Долна Бошава, Горна Бошава, Конопиште и Зимско рекреативниот центар Михајлово, полициските службеници, ДСЗ и волонтерите на Црвен крст укажаа на потребата од внимателност при движење во екстремни временски услови во зимскиот период, особено околу опасностите од појави на смрзнатини и други повреди. Покрај ова, на месното население им беа поделени печатени летоци со информативни содржини за превенција и самозаштита од смрзнатини, а преставниците од Црвен Крст и Дирекцијата за заштита и спасување на социјално загрозените, изнемоштени и осамени лица во планинските села им доделија пакет производи со животни намирници кои беа донирани од ,,Банка за храна -нула глад за сите,, од Општина Кавадарци.

< врати се назад