декември 15, 2023

ЦРВЕН КРСТ ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА КАВАДАРЦИ ДОНИРАШЕ АПАРАТ ЗА ОПШТА БОЛНИЦА КАВАДАРЦИ

Денес во општа болница Кавадарци за потребите на лабораторијата Црвен крст Општинска Организација Кавадарци донираше апарат за анализа на крв за мали деца и бебиња , за да се избегнат траумите при земање на крв од вена на овие најмлади членови на заедницата.

Во рамките на програмата ПХВ – Промоција на хумани вредности, младите волонтери од училиштата Тошо Велков Пепето и Страшо Пинџур од Кавадарци, заедно со нивниот дисеминатор Даниела Лазовска најпрво направија истражување во болницата за приоритетни потреби и како резултат на тоа истражување излезе дека ваквиот апарат е најнеопходен во моментот и го има само во неколку болници во државата.

Волонтерите изработија свој проект, неколку месеци собираа парични средства, од свои активности, спорстски натпревари, приредби во училиштата, Велигденски пазар на градскиот плоштад.

Исто така  посетија неколку компании како Машинокоп Кавадарци и МИ -Комерц. Со помош од средствата на Хуманитарниот паркинг кој е исто така идеја и проект на Црвениот крст Кавадарци се собраа средствата за апаратот.

Благодарност и до Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев и Советот на општината кои дадоа подршка на овој проект и со нивни одлуки се реализирани овие активности.

< врати се назад