февруари 13, 2019

ЦРВЕН КРСТ ВО АКЦИЈА-ПРОМОЦИЈА НА ХУМАНИ ВРЕДНОСТИ

Во организација на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци на 13.02.2019 година во просториите на Општинската организација Кавадарци се одржа втората успешна ЦКА/ПХВ работилница на која присуствуваа 35 ученици од 6 основни и 3 средни училишта, кои понатаму имаат задача да изготвуваат микро проекти од интерес на повеќе ризични целни групи и за добробит на локалната заедница и преку истите да ја промовираат културата и хуманоста како систем на вредности.
Обуката се реализираше под менторство на инструктори од Црвен крст на Република Македонија со цел подготовка, реализација и имплементација на микро проектите, односно работа во групи или тимска работа.
На работилницата присуствуваа и дисеминаторот и лидерот на млади од Општинската организација Кавадарци, а исто така на работилницата беа присутни и волонтери од минатогодишниот циклус во улога на ментори на тимовите.
Учесниците на обуката беа активно вклучени во предавањата и активностите, а очекувањата и целите беа постигнати, младинците беа мотивирани и спремни да одговорат на задачите и предизвиците кои им претстојат при спроведување на активностите за изработка на проектите.
Работилницата беше проследена од локалната телевизија со цел да биде информирано граѓанството за работата на волонтерите во Црвениот крст и нивно поттикнување во иднина да се приклучата на мисијата на хуманите луѓе.

< врати се назад