јуни 6, 2019

Црвен крст во акција-Промоција на хумани вредности 2019

Црвен крст во акција-Промоција на хумани вредности 2019 година со дисеминатор Билјана Стефковска.
Годинава учениците беа креативни и вредни и постигнавме добри резултати во сите градови. Нашите ученици од 6 основни и едно средно училиште изработија 8 проекти сите оценети со одлични оценки :
5++ 🌞 – проектот на ООУ Димката Ангелов- Габерот
5++ проектот на ООУ Страшо Пинџур
5++ проектот на ООУ Тошо Велков-Пепето
5++ проектот на ООУ Тоде Хаџи – Тефов
5+ проектот на ДСУ Ќиро Спанџов -Брко
5 заедничкиот проектот на сите училишта
5 проектот на ООУ Димката Ангелов- Габерот- Ваташа
4+ проектот на ООУ Гоце Делчев
Сите младинци вредно работеа помогнаа хуманитарно, се дружеа со своите врсници, промовираа здрава и чиста околина и се потрудија да го направат за момент овој свет поубав затоа што иако се млади секој од нас може да направи чекор да го промени светот на подобро. Горда сум на секој учесник во проектот , а на секој помагач на малите проекти благодарна што ме подржаа во моментите кога беше потребно (Благодарност до основните и средни училишта и нивните директори, ученици, наставници, родители, Општина на град Кавадарци, спонзори за набавка на материјали, Музичко училиште Лазо Мицев -Рале, Домот на културата Иван Мазов-Климе и мн други) Како награда за постигнатиот труд бевме повикани дисеминаторот и првите три проекти како најуспешни од нашиот град да ги претствиме заедно со уште 60 други младинци од цела Македонија. Одлично искуство и среќа да се биде дел од толку хумани млади луѓе со големо срце. Во иднина бидете дел од нешто хумано и вие или помогнете на некој кој веќе тоа го прави.

< врати се назад