април 13, 2019

ЦРВЕН КРСТ ВО АКЦИЈА/ПРОМОЦИЈА НА ХУМАНИ ВРЕДНОСТИ- Маратон

Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци со своите нови волонтери во циклусот ПХВ 2019 успеа да сработи 8 проекти кои беа од интерес на поединецот, за помош и подршка на дете со ретка болест, за семејства на кои им беше потребна подршка во стварање услови за задоволување на основни хигиенски потреби и помош во храна и за помош и подршка на локалната заедница со реализирање на еколошки акции, хуманитарни настани и едукативни работилници.

Особено не радува што на ден 13.04.2019 година во Општина Кавадарци под полициски и медицински надзор беше одржан Хуманитарниот Мини Маратон во склоп на проектот ПХВ и сите собрани финансиски средства беа наменети за помош на социјално загрозено семејство од Ваташа, Серафимови. Тие имаат дете со посебни потреби и целта беше да се соберат средства за купување на материјали потребни за изградба и уредување на купатило. Ова беше успешно изведено и поддржано од Градоначалникот и Советот на Општина Кавадарци.

 
< врати се назад