ДАРУВАНИ 109 ЕДИНИЦИ КРВ ВО КАВАДАРЦИ !!!
Најмногу бројна крводарителска акција во Кавадарци во 2023 година. На ден 11.12.2023 година во Кавадарци на крводарителска акција беа реализирани 109 единици крв. Акцијата беше во организација и соработка на навивачката група Лозари исток и Црвен крст Кавадарци, а беше реализирана од екипа на ИТМ Скопје.
Акцијата се одржа во зградата на Општина Кавадарци во времето од 9-16 часот, истата е традиционална и бројката секоја година се движи над 100 реализирани единици крв.
На оваа крводарителска акција изразуваме пофалба и респект за четиричленото семејство ДИНЕВИ кои фамилијарно сите даруваа крв и добија благодарници од организаторот на акцијата.
Годишниот план за крводарителство на Црвен крст Кавадарци, по број на жители на двете општини Кавадарци и Росоман изнесува 1184 единици крв , кој што план е реализиран уште во месец јули.
До крајот на оваа 2023 година се очекува бројката да биде околу 2500 реализирани единици крв, со што повторно Црвениот крст Кавадарци ќе се најде во редот на најуспешните во Република Северна Македонија, како организатор и мотиватор на крводарителските акции.
Благодарност до сите крводарители, до навивачката група Лозари исток за одличната организација, за екипата на ИТМ Скопје кои што со појачана екипа ја реализираа акцијата и за Црвениот крст Кавадарци.