декември 12, 2024

ДАРУВАНИ 111 ЕДИНИЦИ КРВ ВО КАВАДАРЦИ !!!

Најмногу бројна крводарителска акција во Кавадарци во 2024 година. На ден 11.12.2024 година во Кавадарци на крводарителска акција беа реализирани 111 единици крв. Акцијата беше во организација и соработка на навивачката група Лозари исток и Црвен крст Кавадарци, а беше реализирана од екипа на ИТМ Скопје.

 Акцијата се одржа во зградата на Општина Кавадарци во времето од 9-16 часот, истата е традиционална и бројката секоја година се движи над 100 реализирани единици крв.

Благодарност до сите крводарители, до навивачката група Лозари исток за одличната организација, за екипата на ИТМ Скопје кои што со појачана екипа ја реализираа акцијата и за Црвениот крст Кавадарци.

< врати се назад