септември 20, 2019

ДЕФИЛИРАЈ, НЕ СЕ ФОЛИРАЈ

Во рамки на програмата за одбележување на Неделата на ПХВ од 21-27 септември 2019 година во просториите на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци на 19 септември се одржа креативна работилница каде се започна со подготовки и се изработуваа пораки за дефилето кое е планирано да се одржи на 25 септември во центарот на градот при што е планирано покрај учесниците во ПХВ циклусот од 2019 година да се вклучат и останатите волонтери, другарчиња и нивните родители.
Овогодинешното мото на ПХВ неделата е ,,Дефилирај, не фолирај“и преку оваа програма младите добиваат обука за вредностите на Црвениот крст, учат за култура како систем на вредностии и за култура на дијалог како основен предуслов за градење на интеркултурно општество.

< врати се назад