септември 25, 2019

„Дефилирај , не се фолирај“

По повод ПХВ неделата со одлука на РО на ЦКРМ се одбележи со организирање ПХВ дефиле под мотото „Дефилирај , не се фолирај“ на 25 септември со почеток во 11.00 часот во секој град. Се обидовме заедно со децата со посебни потреби моќно да пратиме порака за вклучување, соживот, толеранција и мир, да покажеме дека сите сме еднакви и важни за општеството. На дефилето поканети беа голем број на лица млади, возрасни, лица со попреченост, родителите, наставниците, соученици, медиуми…Дефилето беше со почетна рута од Кам маркет до Плоштадот во центарот на градот , а за безбедноста се погрижи полицијата обезбедувајќи ги улиците и го запираше сообраќајот. На учениците кои учествуваа во проектот им беа доделени благодарници за нивната извонредна и хумана работа. Ова беше завршна активност на цела една година од чиклусот на проектот и уште еднаш да изразам благодарност до сите средни и основни училишта кои ни се појдовна точка на проектите кои беа 8 и сите оценети со одлична оценка, до учениците, до родителите на учениците , до вработените во градинката Рада Поцева, до Музичкото училиште Лазо Мицев Рале, до домот на културата Иван МАзов Климе, до продуцентите на ЛАкрдиите на Паја, до Општината на град Кавадарци и до Градоначалникот Митко Јанчев и многу други спонзори, соработници и подржувачи на проектот. Подржете ги учениците и нивните проекти на креативност, хуманост и инспирирајте ги да прават добри и големи дела во иднина.

< врати се назад