
Дисеминациска Работилница
На ден 21.11.2023 година во просториите на ООЦК Кавадарци се одржа дисеминациска сесија со 21 ученик, членови од Клубот на млади и лица кои сакаат да се приклучат со волонтерски активности во нашата организација.
Најнапред волонтерите и членовите од Клубот на млади имаа можност да ги проследат двете презентации и тоа: Седумте основни принципи на Движењето и Дисеминациска сесија.
Преку овие презентации волонтерите се запознаа со приказната за Црвениот крст, Аблемот на Црвениот крст, Компонентите на Движењето, основните принципи, структурната поставеност на ЦКРСМ и дејностите на организацијата.
Оваа работилница побуди интерес кај присутните кои поставуваа прашања особено со примена на принципите на Црвениот крст надвор од Република Северна Македонија, околу историјатот и програмите за работа на организацијата и прашања околу волонтирање и членување во организацијата.
Сите присутни на крајот од сесијата беа поканети на заедничка дружба и освежување.