април 7, 2019

ДИСЕМИНАЦИСКА СЕСИЈА ПО ПОВОД ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА 8 МАЈ СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЦРВЕНИОТ КРСТ И ЦРВЕНАТА ПОЛУМЕСЕЧИНА

На 07 мај во просториите на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци се одржа дисеминациска сесија со младите и нови волонтери на Општинската организација, со цел да се одбележи 8 мај Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, роденденот на основоположникот на нашето Движење, Анри Динан и да се потсетиме на историјатот, улогата и значењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина.
Од страна на медиумите беа проследени активностите на Општинската организација Кавадарци планирани за одбележување на овој ден со цел да биде информирана и пошироката јавност за постанокот на Црвениот крст.

 

< врати се назад