јули 17, 2024
ДИСТРИБУЦИЈА НА ФЛАЕРИ “КАКО ПРОТИВ ТОПЛОТНИОТ БРАН”
На ден 16.02.2024 година волонтерите на Клубот на млади на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска Организација Кавадарци повторно во акција со едукативни флаери “Како против топлотниот бран” и истите беа поделени на граѓаните.
Клубот на млади повторно во акција поради климатската состојба во последниве денови, топлото време е се поинтензивно па затоа им доделија флаери на граѓаните за да се информираат како да се заштитат барем малку од овие горештини.




