
ДОДЕЛУВАЊЕ НА СЕРТИФИКАТИ НА ЛИЧНИ АСИСТЕНТИ ЗА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ
На ден 29.11.2024 година во просториите на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска Организација Кавадарци за прв пат беа обучени лица лични асистенти за лица со попреченост кои проследија практична и теоретска настава во времетраење од 200 часа.
Асистентите се стекнаа со сертификат за личен асистент на лица со попреченост и се стекнаа со компетенции за самостојно помагање на корисниците, помош и поддршка на корисникот во домот, работното место, образовниот процес и заедницата како и компетенции за самостојно да води ефикасна комуникација, да дава психосоцијална поддршка и учествува во социјализација и ресоцијализација на корисникот.
Им честитаме на сите кои се здобија со сертификат и им посакуваме успешна работа натаму.
















