јуни 28, 2019

ЕДНОДНЕВЕН ИЗЛЕТ ВО ПРИРОДА

Согласно со проектот ,,Подобрување на социјализацијата на лицата со посебни потреби,, финансиски подржан од Комерцијална банка, лицата со посебни потреби од Дневниот центар и децата од Групниот дом од Кавадарци на 28.06.2019 година го посетија излетничкото мест во Ваташа – 12 Другари. На ова еднодневно дружење во природа беа околу 30 лица со посебни потреби и претставници од нивните згрижувачи, 2 волонтери на ЦК и околу 6 наставници на лицата , кои сите заедно во една прекрасна убава природа го поминаа овој ден.Лицата со посебни потреби со подршка на волонтерите го прошетаа прекрасното место обиколено целото во зеленило, играа забавни игри, фудбал, јаже, се дружеа, играа народни ора и на крај за сите следуваше заедничко освежување. Децата многу се радуваа сите и за прошетката и за дружењето. Но посебен впечаток оставија волонтерите пред воспитувачите на децата, со својата љубезност, грижа и посветеност кон децата во текот на целиот ден. За овој настан беа иформирани локалните медиуми.

< врати се назад