мај 30, 2019

ЕДНОДНЕВНА ЕКСКУРЗИЈА ВО ДЕБАР

Во организација на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци, а во склоп на проектот ,,Подобрување на социјализацијата на децата и млади со посебни потреби“ финансиски подржан од Комерцијална банка на 30 мај 2019 година се изведе еднодневна екскурзија во Дебар.
Притоа беа посетени манастирот Свети Јован Бигорски каде што околу 30 лица, односно деца, волонтери и наставници имаа можност да ги видат природните убавини околу манастирот, а и убавините и мирот во самиот манастир. Од таму се гледаше пејсаж на прекрасно зеленило во кое уживаа сите присутни.
После тоа сите учесници заедно се упативме кон градот Дебар и го посетивме Дневниот центар за лица и млади со посебни потреби, каде следуваше изненадување, бевме пречекани со жива музика, на што младите посебно се израдуваа, игравме оро, се дружевме, разменивме искуства и идеи, за на крај разделбата помеѓу децата да биде тешка, но притоа се договоривме во месец јуни тие да го посетат Дневниот центар во Кавадарци.
Од страна на Секретарот на Црвениот крст Дебар и социјалниот работник беше организиран ручек за 30 лица, бевме топло пречекани со убав збор, за сите следуваше благо и сладолед и на крај во попладневните часови, среќни, весели и исполнети со многу спомени си заминавме од Дебар со договор за скоро видување во Кавадарци.

 
< врати се назад