јуни 26, 2019

ЕДНОДНЕВНА ЕКСКУРЗИЈА ВО КАВАДАРЦИ

Во организација на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци и Општинска организација Дебар, а во склоп на проектот „Подобрување на социјализацијата на децата и млади со посебни потреби“ финансиски подржан од Комерцијална банка на 26 јуни 2019 година со околу 15 деца и млади со посебни потреби и нивни родители и воспитувачи од Дебар и околу 10 лица од Кавадарци се спроведе еднодневна екскурзија во Кавадарци.
Најнапред го посетивме Дневниот центар за лица и млади со посебни потреби, каде следуваше освежување од жешкото време и дружење на што младите посебно се израдуваа, разменивме искуства и идеи, а потоа сите заедно се упативме кон ресторанот Моклиште, каде следуваше ручек за сите присутни обезбеден од Градоначалникот на Општина Кавадарци.
Потоа беше посетен манастирот Свети Никола каде што околу 25 лица, односно деца, волонтери и наставници имаа можност да ги видат природните убавини околу манастирот, а и убавините и мирот во самиот манастир. Од таму се гледаше пејсаж на прекрасно зеленило во кое уживаа сите присутни.
На крај следуваше прошетка низ центарот на Кавадарци и освежување во локална слаткарница.
Вработените и волонтерите од Црвениот крст максимално се вложија за децата и млади со посебни потреби да поминат квалитетно искористено време во Кавадарци и се договорија средбите од ваков вид да бидат почести се во интерес на овие лица.

< врати се назад