
ЕДНОДНЕВНА ЕКСКУРЗИЈА ВО СКОПЈЕ
Во организација на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци, а во склоп на проектот ,,Подобрување на социјализацијата на децата и млади со посебни потреби“ финансиски подржан од Комерцијална банка на 19 ноември 2019 година се изведе еднодневна екскурзија во Скопје.
Притоа беа посетени Музејот на илузии во Скопје каде што 23 лица, односно деца, волонтери и наставници имаа можност да ги разгледаат уредените и интересно поставени со огледала просториии. Децата, па и останатите присутни беа вчудоневидени од глетката и чувството кои ги доживеаа во самиот музеј, бидејќи за прв пат посетија музеј во кој илузиите на самите слики, простории и предмети поставени илузорно беа нестварни и чудни. За децата од Дневниот центар и Посебните паралелки следуваше и поклон, односно сложувалки и забавни игри од вработените на музејот.
После тоа сите учесници заедно го посетија трговскиот центар Рамстор, а на младите посебно забавно им беше во продавниците од каде си купија потребен материјал за на училиште и играчки за себе и своте најблиски. Следуваше и ручек за на крај сите весели и расположени со песни да се вратат во својот роден град Кавадарци.