декември 23, 2019

ЕДУКАТИВНИ РАБОТИЛНИЦИ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД БОЛЕСТИ НА ЗАБИТЕ И ЗАБАЛОТО

Во организација на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци и oсновнoто училиштe ,,Димката Ангелот Габерот“ од Кавадарци на 23 декември беа одржани 3 едукативни работилници за превенција од болестите на забите и забалото.
Со овие работилници беа опфатени учениците од прво одделение, односно околу 100 ученици беа запознати за значењето на правилното одржување на личната хигиена на забите и усната шуплина, пастата и четката пријатели на забите, правилната исхрана и редовната контрола и прегледи на забите.
Најмалите ученици се радува на презентацијата и советите од волонтерите на Црвениот крст, поставуваа голем број на прашања и добија соодветни одговори.
Волонтерите на Црвениот крст беа пофалени и поздравени од психологот и наставниците на учениците за прекрасната презентација на тема ,,Здрави заби за сите деца“.

< врати се назад