мај 17, 2023

Еко – едукации

На 15ти и 16ти Мај 2023 година волонтерите Симона Стојанова и Марија Ралева кои претходно ја проследија обуката за еко едукатори на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска Организација Кавадарци одржаа еко едукации под мотото “Позелено денес за подобро утро” од програмата Зелен волонтеризам на теми: екологија, заштита на планетата и глобалното затоплување.

            Овие едукации беа спроведени во второ и трето одделение на 48 ученици од основното училиште “Тоде Хаџи Тефов” Кавадарци.

            На учениците им беше презентирано видео материјал затоа како да ја заштитиме животната средина се со цел да се подигне свеста кај младата популација. Исто така им беа презентирани канти за селектирање на отпад на кои и самите ученици учествуваа во селектирањето на отпадот.

< врати се назад