март 16, 2023

Евакуација на ученици во случај на пожар

Пожар во СОУ „Киро Спанџов Брко“ во Кавадарци. Ова беше дел од сценариото за денешната показна вежба што се реализираше во ова средно училиште.

Сирената алармираше за пожарот. Учениците беа навреме евакуирани. Волонтери на Црвен Крст Кавадарци помагаа на повредени, а за кратко време пристигнаа екипите на против пожарната единица и на брза помош.

Вежбата ја следеа учениците и вработени во училиштето, претставници од Дирекцијата за заштита и спасување, МВР, локалната самоуправа, ЦУК и ТППЕ.

Оценката од сите присутни е дека вежбата беше успешно спроведена.

 

< врати се назад