
март 24, 2023
Евакуација на ученици во случај на пожар
Успешна показна вежба беше реализирана денеска во СОУ „Добри Даскалов“ во Кавадарци.
Сирената алармираше за пожарот. Учениците беа навреме евакуирани. Волонтери на Црвен Крст Кавадарци помагаа на повредени, а за кратко време пристигнаа екипите на против пожарната единица и на брза помош кои дејствуваа професионално.
Вежбата ја следеа учениците и вработени во училиштето, претставници од Дирекцијата за заштита и спасување, МВР, Локалната самоуправа,ЦУК и ТППЕ.
Ваквите вежби имаат за цел да се едуцираат учениците како треба да се однесуваат при пожар или друга елементарна непогода.
Оценката од сите присутни е дека вежбата беше успешно спроведена.