април 11, 2019

ХИГИЕНАТА Е ПОЛОВИНА ЗДРАВЈЕ

Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци во рамките на своите програмски активности во делот на здравствено-превентивната дејност, традиционално ја одбележува Неделата за хигиенизација, која оваа година се одбележува под мотото ,,Хигиената е половина здравје“.
Во текот на целата недела се планирани едукативни интерактивни работилници со прикажување на пригодна Power point презентација на темата со помалите одделенија од основните училишта.
На 09 април во ООУ ,,Тоде Хаџи Тефов “ во Кавадарци во присуство на 18 ученици од шесто одделение беше одржана првата работилница на тема ,,Промоција на хигиената“. Учениците пројавија голем интерес за темата поставувајќи голем број прашања на што добија одговор од едукаторот Розе Милкова.
Исто така на 11 април се одржа уште една работилница, под менторство на едукаторот и во ООУ ,,Тошо Велков Пепето“ во Кавадарци со 25 ученици од 4 и 5 одделение. Учениците покажаа голем интерес за соработка со едукаторот, претставувајќи ја хигиената како гранка која промовира зачувување на здравјето, превенира инфективни преносливи болести и се залага за практика на хигиената на телото, дентална хигиена, хигиена на рацете и хигиена на домот.
За време на работилниците се игра и игрите овошна салата и пулс.
Во наредните денови ќе бидат одржани работилници и во останатите основни училишта.

< врати се назад