
април 13, 2023
Хуманитарен турнир
На 12.04.2023 во училишниот двор на ОУ Тошо Велков Пепето Кавадарци се одржа Хуманитарен турнир во фудбал организиран од ЦКА-ПХВ младинците од истото училиште. Оваа група од млади волонтери во Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска Организација Кавадарци работат на Проект со тема “Поддршка и помош на дневни центри и институции” со цел да се набави апарат потребен за лабораторијата на ЈЗУ Општа болница Кавадарци кој што ќе биде од општа полза за целото население.