декември 24, 2018

Хуманитарна акција

На 22 декември беше организирана хуманитарна акција од Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци и форумот на жени на СДСМ, при што во Општинска организација Кавадарци беше предадена помош во облека, постелнина и обувки во износ од окулу 300кг.
Собраната помош е предадена за потребите на Општинската организација Кавадарци, односно за социјалните семејства кои имаат потреба од истата.
Во наредните денови помошта ќе биде донирана до крајните корисници.
Глема благодарност на членките на форумот на жени на СДСМ од страна на лицата кои ќе ја користат помошта.
Голема благодарност и до влонтерите на Црвениот крст кои помогна во средувањето на добиената помош.

 
< врати се назад