декември 21, 2019

ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА СО ФОРУМОТ НА ЖЕНИ НА СДСМ КАВАДАРЦИ

На 21 декември 2019 година беше организирана хуманитарна акција од Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци и Форумот на жени на СДСМ Кавадарци, при што во Општинска организација Кавадарци беше предадена помош во облека, постелнина и обувки во износ од окулу 300 кг.
Собраната помош е предадена за потребите на Општинската организација Кавадарци, односно за социјалните семејства кои имаат потреба од истата.
Во наредните денови помошта ќе биде донирана до крајните корисници.
Глема благодарност на членките на форумот на жени на СДСМ од страна на лицата кои ќе ја користат помошта.
Голема благодарност и до волонтерите на Црвениот крст кои помогна во средувањето на добиената помош.

 
< врати се назад