
октомври 15, 2024
“ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА НА ООУ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ КАВАДАРЦИ И ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА ЦРВЕН КРСТ КАВАДАРЦИ”
Во склоп на Неделата на млади веќе стана традиционална оваа хуманитарна акција помеѓу ООЦК Кавадарци и ООУ “Гоце Делчев” Кавадарци.
Поради блиската соработка и хуманоста изразена од младите во училиштето беше реализирана успешна акција при што беа собрани 30 пакети сортирана облека и обувки.
Истиот ден оваа помош беше дистрибуирана на семејства кои во овој момент навистина имаа потреба од истата.
Со оваа акција ја ублаживме тешката материјална состојба на околу 30 семејства чии деца тргнаа во градинка и во училиште.
Благодарност за соработката со одговорното лице и останатиот персонал за оваа хуманитарна акција.








