Хуманитарни игри без граници
На 19.04.2023г нашите ЦКА-ПХВ младинци од ОУ”Димката Ангелов Габерот”од Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска Организација Кавадарци во рамките на нивниот хуманитарен проект “Другарство” во просториите на нивната спортска сала организираа хуманитарни “Игри без граници”.
Овие наши млади волонтери го споија забавното со корисното . На игрите земаа учество учениците од 3то,4то и 5то одделение додека учениците од 1во и 2ро одделение беа нивни навивачи. Собраните парични средства ке ги донираат онаму каде што е најпотребно.
Хуманоста се учи од мали нозе. Да се подаде рака на некој кому е најпотребно е бесценето. Да ги учиме децата на хуманост! Да ги учиме децата на вистински вредности!
Голема благодарност до целиот наставнички кадар при ОУ”Димката Ангелов Габерот” за безрезервната поддршка на овие наши млади волонтери.