декември 22, 2023

Импровизиран земјотрес во основното училиште Тошо Велков Пепето Кавадарци

На ден 22.12.2023 година во Основното училиште Тошо Велков Пепето Кавадарци беше спроведена показна вежба од областа за подготвеност и дејствување во случај на елементарни непогоди и катастрофи, односно импровизиран земјотрес во училиштето.

Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска Организација Кавадарци на покана на одговорните лица од училиштето беше дел од субјектите кои земаа учество на оваа вежба со екипата за прва помош од општинскиот натпревар по прва помош, ученици од ова училиште.

Екипата по прва помош навремено, професионално и брзо успеа да укаже прва помош на повредените лица до доаѓањето на брзата помош.

Оваа вежба беше оценета како добро организирана и реализирана.

Вежба исто така беше проследена и од локалните медиуми.

< врати се назад