ноември 27, 2023
КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА СО РОТАРИ КЛУБ
Во организација на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска Организација Кавадарци на 23.11.2023 година на УГД- диспензирани студии Кавадарци се одржа крводарителска акција во која учество зедоа членови на Ротари Клуб и останатите граѓани од Кавадарци.
Оваа акција стана традиционална и се организира веќе по 13 пат на која беа реализирани 21 единица крв.
Значајни се дарувањето крвни единици и покажаната хуманост на членовите на Ротари Клуб и останатите граѓани.