КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО АЛИЈАНС УАН ВО КАВАДАРЦИ
Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Кавадарци на 19 октомври 2023 година спроведе доброволна крводарителска акција во Тутунската компанија Алијанс Уан, каде што вработените имаа можност да ја покажат својата хуманост и да даруваат крв.
Од вработените во компанијата на список се пријавија околу 40 лица да даруваат крв на акцијата која ја организираше Општинската организација Кавадарци и истата ја реализира екипа од Институтот за трансфузиона медицина Скопје. Од страна на управата на самата компанија веќе традиционално, како и во изминатите години, беше покажана голема организација за успешно спроведување на акцијата, и се покажа голема почит и внимание кон сите доброволни крводарители .
За секој крводарител следуваше посебно внимание и грижата кон вработените што ја покажаа одговорните од оваа фирма во една пријатна и релаксирана атмосфера за работа, почитта кон хуманоста, солидарноста и вреднувањето на општествената одговорност, вреди да се поздрави и да биде пример и за останатите компании во кои се спроведуваат доброволни крводарителски акции.
На акцијата даруваа 36 крводарители .