ноември 4, 2019

Крводарителска акција во компанијата Алијанс Уан во Кавадарци

Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци на 04 ноември 2019 година спроведе доброволна крводарителска акција во Тутунската компанија Алијанс Уан, каде што вработените имаа можност да ја покажат својата хуманост и да даруваат крв.
Од околу 400 вработени во компанијата на список се пријавија околу 50 лица да даруваат крв на акцијата која ја организираше Општинската организација Кавадарци и истата ја реализира екипа од Институтот за трансфузиона медицина Скопје. Од страна на управата на самата компанија веќе традиционално, како и во изминатите години, беше покажана голема организација за успешно спроведување на акцијата, поточно се покажа голема почит и внимание кон сите доброволни крводарители .
Гестот кој го покажаа одговорните од оваа фирма во една пријатна и релаксирана атмосфера за работа, почитта кон хуманоста, солидарноста и вреднувањето на општествената одговорност, вреди да се поздрави и да биде пример и за останатите компании во кои се спроведуваат доброволни крводарителски акции.
На акцијата даруваа 36 крводарители и истата помина во најдобар ред.

< врати се назад