јули 8, 2019

КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ЛОКАЛНА САМОУПРАВА КАВАДАРЦИ

На 08 јули 2019 година согласно годишниот интегрален план за крводарителство, во организација на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци, со тимот од ИТМ Скопје, се спроведе доброволна крводарителска акција во Локалната самоуправа Кавадарци .
Посебно сакаме да напоменеме дека од година во година бројот на крводарителски акции и крводарители се зголемува, хуманоста на граѓанството и вработените во локалната самоуправа расте, крв даруваа околу 20 крводарители, така да овие прибрани крвни единици многу ќе значат во летниот период кога и потребите од крв и крвни продукти се зголемени.
Посебно важно што треба да се истакне во организирањето и спроведувањето на акцијата е начинот и пристапот на одговорните и вработените од Локалната самоуправа, кои оддаваат голема почит и внимание кон хуманиот човек, односно крводарителот. Акцијата беше проследена и од локалните медиуми.

< врати се назад