
КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ЛОКАЛНА САМОУПРАВА КАВАДАРЦИ
На 22 август 2019 година согласно годишниот интегрален план за крводарителство на организацијата, во организација на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Кавадарци, се спроведе доброволна крводарителска акција во Локалната самоуправа Кавадарци .
Посебно сакаме да напоменеме дека од година во година на оваа акција бројот на крводарители се зголемува, хуманоста на граѓанството и вработените во локалната самоуправа расте, крв даруваа 23 крводарители, така да годишниот план од околу 1200 единици за 2019 година е веќе исполнет, заедно со крводарувањата во кабинетот за трансфузиологија Кавадарци и останатите реализирани крводарителски акции во образовните институции и со корпоративниот сектор.
Посебно важно што треба да се истакне во организирањето и спроведувањето на акцијата е начинот и пристапот на Градоначалникот и одговорните и вработените од Локалната самоуправа, кои оддаваат голема почит и внимание кон хуманиот човек, односно крводарителот.
Исто така да напоменеме дека и младите волонтери од Клубот на млади на Општинската организација на Црвен крст Кавадарци се редовно вклучени во крводарителските акции, кои се задолжени за водење на евиденција и подршка на крводарителската акција.
Акцијата беше проследена и од локалните медиуми.