јуни 16, 2023

КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

На ден 15.06.2023 година во организација на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска Организација Кавадарци и екипата од Институтот за трансфузиона медицина Скопје во просториите на Општина Кавадарци се спроведе доброволна крводарителска акција.

            Со голема поддршка на Градоначалникот, Советот на Општината и вработените и посебно признание и чест на граѓаните од Кавадарци крводарителите, најхуманите од хуманите се реализира уште една успешна крводарителска акција во Кавадарци на која даруваа 61 крводарител, хумани и секогаш солидарни луѓе.

            Посебно важно што треба да се истакне во организирањето и спроведувањето на оваа акција е сериозниот пристап на сите чинители за да оваа акција биде успешна. Се надеваме дека барем малку ќе придонесеме во стабилизирање на потребите за крв и крвни продукти на територија на нашата земја, а со тоа и потребите на оваа драгоцена течност ќе бидат задоволени.

Голема благодарност до сите учесници во акцијата, а посебно до крводарителите. Акцијата беше проследена и од локалните медиуми.

< врати се назад