февруари 15, 2019

КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ОПШТИНА РОСОМАН

На 15 февруари 2019 година во просториите на Општина Росоман во организација на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци беше спроведена доброволна крводарителска акција од страна на Институтот за трансфузиона медицина на РМ.
Притоа беа дарувани 25 единици крв, при што одговорните и вработените ја покажаа својата хуманост и солидарност, а акцијата се спроведе во позитивна атмосфера и трудејќи се колективот да ги удостои и крводарителите и лицата кои ја реализираа акцијата.
На акцијата присуствуваа двајца млади волонтери кои водеа евиденција на крводарувањата, а со тоа се мотивираа за идни потенцијални крводарители.
Акцијата беше следена од локалната КТВ телевизија и емитувана во вестите со цел да се даде значење на истата и да поттикне и останати лица да се вклучат во крводарувањето.

 
< врати се назад