февруари 13, 2020

КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ОПШТИНА РОСОМАН

На 13 февруари 2020 година во просториите на Општина Росоман во организација на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Кавадарци беше спроведена доброволна крводарителска акција од страна на Институтот за трансфузиона медицина на Скопје.
Притоа беа дарувани 16 единици крв, при што одговорните и вработените ја покажаа својата хуманост и солидарност, а акцијата се спроведе во позитивна атмосфера и трудејќи се колективот да ги удостои и крводарителите и лицата кои ја реализираа акцијата.
Акцијата беше следена од локалната КТВ телевизија и емитувана во вестите со цел да се даде значење на истата и да поттикне и останати лица да се вклучат во крводарувањето.

< врати се назад