февруари 8, 2024

КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ОПШТИНА РОСОМАН

На ден 08.02.2024 година во просториите на Општина Росоман во организација на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Кавадарци беше спроведена доброволна крводарителска акција од страна на Институтот за трансфузиона медицина Скопје.

Крводарителската акција  се спроведе успешно при што беа дарувани 19 единици крв.

Голема благодарност до сите крводарители од Општина Росоман што ја покажаа својата хуманост на дело.

< врати се назад