март 7, 2019

КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ВО КАВАДАРЦИ

На 05 и 07 март 2019 година согласно годишниот интегрален план на организацијата, во организација на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци, се спроведоа 2 доброволни крводарителски акции во гимназијата ,,Добри Даскалов“ и СОЗШУ ,,Ѓорче Петров“ од Кавадарци.
Сакаме да напоменеме дека од година во година на овие акции бројот на крводарители се зголемува, хуманоста на учениците расте, крв даруваа 53 ученици-крводарители, така да мотивираноста за крводарување кај младите се зголемува.
Посебно важно што треба да се истакне во организирањето и спроведувањето на акцијата е начинот и пристапот на одговорните и вработените во училиштата кои оддаваат голема почит и внимание кон хуманиот човек, односно крводарителот.
Акцијата беше проследена и од локалните медиуми.

< врати се назад